Минатата година 11.200 Албанци побарале азил во ЕУ

од Milan1
337 прегледи

Последните податоци на Агенцијата за азил на Европската унија покажуваат дека лани вкупно 11.200 лица од Албанија поднеле барање за азил во земјите на Европската унија (ЕУ), од кои 77 отсто првпат поднеле барање.

Северна Македонија е втора на листата по Албанија со околу 5.000 барања за азил. Следат Србија со 3.200, Босна и Херцеговина со 2.500, Косово со 2.300 и Црна Гора со помалку од 500, пренесува Бета.

Дури и според бројот на жители, Албанија го држи рекордот со 3,9 барања на 1.000 жители.

Податоците на Евростат покажуваат дека во споредба со претходната година, кога движењето беше ограничено поради пандемијата, барањата за азил се зголемени за 19%, но тие се уште се најниски од 2013 година.

Слични содржини