Повеќе од 75 луѓе загинаа откако брод се превртел во невреме во море во близина на брегот на Либија додека се обидувал да стигне до Европа, објавија Обединетите нации.
Локалните рибари спасиле 15 лица и ги транспортирале до пристаништето Зувара во северозападна Либија, пренесува британскиот весник „Гардијан”. Тие рекоа дека на бродот имало 92 луѓе кога се превртел на 17 ноември. Повеќето од жртвите се од субсахарска Африка.
Според хуманитарните работници, шверцерите испратиле стотици луѓе на море оваа есен и покрај бурното време. Многу од овие патувања завршија трагично.
– Овој ноември, и покрај лошите временски услови, се повеќе и повеќе мигранти ја напуштаат Либија во обид да стигнат до Европа, изјави Флавио ди Џакомо, портпарол на Меѓународната организација за миграција на ОН.