Минатото лето беше најтоплото во последните 2.000 години

од Milan1
121 прегледи

Минатогодишното лето на северната хемисфера беше најжешкото во последните 2.000 години, покажува новото истражување објавено вчера. Научниците претходно објавија дека 2023 година е најтоплата година на глобално ниво од почетокот на евиденцијата во 1850 година, но студијата во списанието „Натура“ сугерира дека климатските промени предизвикани од човекот ги потиснаа летните врвови многу повеќе од она што е забележано во двата милениума.

„Не треба да бидеме изненадени од тоа“, изјави водечкиот автор на студијата, Јан Еспер, за АФП.

„За мене, тоа е само продолжение на она што го почнавме со ослободување стакленички гасови, кои предизвикуваат глобално затоплување“, рече Еспер, професор по климатологија на германскиот универзитет „Јоханес Гутенберг“.

Конзервативната процена покажа дека 2023 година била најмалку 0,5 Целзиусови степени потопла од најжешкото лето на северната хемисфера во тој период, кое било во 246 година од нашата ера.

Инаку потопло било дури 1,19 степен.

Коавторот на студијата, Макс Торбенсон, им рече на новинарите дека 25 од изминатите 28 години ги надминале летните врвови од 246 година – најтоплата пред да почнат современите температурни рекорди.

Слични содржини