Минималната плата од март ќе се зголеми на 19.600 денари

од Radmila Tasevska
162 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во едно телевизиско гостување изјави дека Владата ќе ја зголеми минималната плата која ќе достигне вредност од 19.600 денари во март 2023 година.

Според она што тој го изјави, намерата на Владата е со наредното зголемуцање двајца членови од семејството да ја покријат месечната потрошувачка кошничка.

„Ќе целиме да ја зголемиме минималната плата затоа што платата мора да биде достоинствена. Во март минималната плата ќе биде 19.600 денари, што кога ќе има двајца членови на семејството ќе ја покрие кошничката и ќе остане нешто“ изјави Битиќи.

Тој дополни дека иако за кратко време минималната плата бележи удвојување, тој лично не е задоволен од лимитот.

„Не сакам да заборавам некои работи. Пред 6 години кога минималната плата беше 9 илјади денари бев критичен за минималната плата и денес продолжувам да бидам критичен иако минималната плата е 18 илјади денари“, рече вицепремиерот.

Слични содржини