Министерот за надворешни работи на Латвија поднесе оставка откако беше откриено дека летал со приватни авиони

од Симе Стоиков
274 прегледи

Министерот за надворешни работи на Латвија Крисјанис Каринс објави дека се повлекува поради обвинувањата за трошење народни пари во врска со скандалот со чартер летови.

Каринс денеска по средбата со премиерот Евика Силина објави дека ќе поднесе оставка на 10 април. Парламентот веќе следниот ден може да одлучи за неговиот наследник.

Каринс беше критикувана за чартер летовите за време на премиерскиот мандат. Тој ја водеше латвиската влада од 2019 до 2023 година и во тој период леташе околу триесет пати со приватни авиони наместо со поевтини, редовни линии.

Латвиското државно обвинителство минатата недела започна истрага за можното трошење јавни средства.

Каринс ги негира обвинувањата, тврдејќи дека летовите биле неопходни за да се заштеди време или за да може да се врати во земјата што е можно поскоро за работа поврзана со владата.

Силина рече дека Каринс ја презел политичката одговорност и дека се уште не знае кого ќе назначи за наследник.

Слични содржини