Министерот за здравство на Саудиска Арабија: Бројот на починати за време на овогодишниот аџилак е 1.301 лица

од Milan1
252 прегледи

Бројот на починати за време на овогодишниот аџилак е 1.301, изјави денеска министерот за здравство на Саудиска Арабија, Фахад Ал Џалаџел. Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е „патување на долги растојанија под директно сонце без соодветна заштита“.

Меѓу загинатите има многу постари лица и оние кои пателе од хронични заболувања. Околу 83 отсто од смртните случаи се оние кои немале одобрение за аџилак. Секоја година десетици илјади верници се обидуваат да учествуваат без официјална дозвола, која се плаќа и се доделува според квоти, а која овозможува пристап до климатизирани простори.

Хаџ е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман кој може да си го дозволи е должен да ја исполни оваа верска должност барем еднаш во својот живот.

Слични содржини