Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Александар Мотузјаник, истакна дека главната цел на Русија останува непроменета – да ги опколи украинските одбранбени сили, да воспостави целосна контрола врз територијата на регионите Доњецк, Луганск и Керсон и да обезбеди копнен коридор до Крим.
Портпаролот на украинското Министерство за одбрана Александар Мотузјаник денеска изјави дека руските сили истовремено го засилуваат интензитетот на вооружените дејствија во источна Украина во сите правци на дејствување.
Според него, најсилните вооружени активности се одвиваат во областите Слобожански и Доњецк, пренесува украинската агенција УНИАН.