Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста и ги демантира изјавите од страна на Еркан Шаќири од Здружението на лица co посебни потреби СОС ВИТА насочени кон министерството и министерот Фатмир Лимани, дадени во медиумите.
– За точно информирање на јавноста известуваме дека со конкретното здружение и именуваниот се направени средби и консултации за нивно вклучување во системот на социјална заштита како даватели на услуги.
На состаноците беше разгледана и елаборирана можноста здружението да влезе во системот на социјална заштита да биде лиценциран давател на социјални услуги согласно нормите и стандардите предвидени за таа услуга. И покрај помошта и инструкциите од нашето министерство, до овој момент комисијата која функционира во рамките на министерството не го добила барањето од предметното здружение.
Министерството е отворено за финансирање лиценцирани даватели на социјални услуги преку јавни повици/конкурси, услуги кои се во согласност со законските и подзаконските акти, како што се: услуги за стручна помош и поддршка, советодавни услуги, услуги во домот, услуги во заедницата и услуги за заштита надвор од семејството.
Министерството апелира Здружението СОС ВИТА да пројави интерес и да ги исполни потребните законски услови, со цел отворање на можноста за постапување од страна на министерството.
Министерството за социјална работа, демографија и млади дефинира мрежа на овластени даватели на социјални услуги. Мрежата на овластени даватели на социјални услуги ја сочинуваат јавни установи за социјална заштита и други овластени даватели на социјални услуги, со кои Министерството за социјална работа, демографија и млади, односно општините, градот Скопје и општините во градот Скопје имаат склучено административни договори за давање социјални услуги, како и физичко лице кое добило дозвола за вршење работи на социјална заштита како професионална дејност и има склучено договор со Центарот за социјална работа. Здруженијата, други правни и физички лица, кои не се во мрежата на овластени даватели на социјални услуги, даваат социјални услуги доколку имаат добиено дозвола за вршење работа од социјална заштита, се вели во демантот на Министерството.