Министерството за внатрешна безбедност ги отфрли тврдењата на Трамп, тој не се откажува

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Пет дена откако беше објавено дека Бајден ги има потребните 270 гласови за да победи на претседателските избори, Трамп сè уште не го признал поразот. Демократот Џозеф Бајден исто така победи во Аризона, зголемувајќи ја предноста пред Доналд Трамп за 11 изборни гласови.

Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека не се пронајдени докази за изгубени или фалсификувани гласачки ливчиња или хакирани системи за гласање, додавајќи дека „изборите на 3 ноември беа најбезбедни во историјата на САД“.

„Единствената измама е измама на претседателот кој тврди дека имало масовна измама на гласачи“, вели Лоренс Трајб, член на комисијата и експерт за уставни прашања од Универзитетот Харвард.

„Луѓето можат да бидат сигурни дека на крајот нивниот глас ќе биде преброен и дека конечниот резултат е вистински резултат“, изјави менаџерот на системот за гласање од Грузија, Габриел Стерлинг.

Преку ноќ, тврдењата на Трамп дека пребројувањето на гласовите во Аризона ќе покаже дека тој е победник, едноставно испари.

Но, претседателот не се откажува, надевајќи се на голем пресврт со помош на судот.

„Пост-изборните проверки се одвиваат точно како што очекувавме, немаше ништо сомнително во ниту една точка“, рече државниот секретар на Аризона, Кети Хобс.

Тврдењата на Трамп конечно беа поткопани со објавата на Министерството за внатрешна безбедност.

„Во суштина, Министерството вели дека ништо од она што претседателот го рече не е точно. Јас им давам признание за нивната храброст. Тие ја направија вистинската работа”, рече Адам Шиф, претседател на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом.

„Ова е циркус на апсурд и тие одбиваат да ја прифатат реалноста“, рече Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом на САД.

Но, Трамп има поддршка од многу републиканци за неговите тврдења.

„Тој сега не е претседател и не знам дали ќе биде на 20 јануари“, истакна лидерот на републиканците во Конгресот, Кевин Мекарти.

Трамп лично сè уште се држи настрана од јавноста. Извори на Си-Ен-Ен од Белата куќа тврдат дека тој е подготвен да се бори за мандатот до крајот. Според тие извори, неговата ќерка Иванка, нејзиниот сопруг и советникот на Трамп Кушнер не веруваат дека тужбата ќе го промени резултатот, но тие не го убедуваат да се откаже.

Слични содржини