МИОА: Северна Македонија доби место во Вселената

од Radmila Tasevska
214 прегледи

Северна Македонија денеска ги потпиша финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23), која се одржува во Дубаи, известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.

– Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај успеавме. Денеска Македонија има место и во орбитата. Нашата орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на Сателитот, истакнуваат од МИОА.

Второто достигнување за нашата земја на конференцијата, посочуваат од МИОА, е дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6G) во пониски фреквенциски опсези.

– Денес, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација, нагласуваат од Министерството.

Слични содржини