Мирослав Лајчак ќе остане специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина

од Milan1
407 прегледи

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак ќе остане на оваа функција и во наредниот период, беше потврдено пред новинарите во Брисел.

Поранешниот висок претставник во Босна и Херцеговина требаше да остане на функцијата до 31 август, но високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, му го продолжи мандатот за неколку месеци.

Според информациите од Брисел, Борел не сака да замени никого на оваа функција, имајќи предвид дека наскоро треба да биде назначена неговата замена.

За потсетување, фаворит за местото на Борел е Каја Калас, актуелниот премиер на Естонија. Сепак, политичките превирања околу функцијата претседател на Европската комисија во моментов го спречуваат назначувањето на самата Калас.

Слични содржини