По ненадејната посета на Москва минатата недела, која го навлече гневот на европските лидери, унгарскиот премиер Виктор Орбан отиде уште едно ненајавено патување, овој пат во Кина, објавија кинеските државни медиуми во понеделникот наутро.
„Мировна мисија 3.0“, напиша Орбан на платформата X по пристигнувањето во Пекинг, објавувајќи фотографија на која се гледа како на аеродромот го пречекува заменик-министерот за надворешни работи на Кина Хуа Чунјинг.
Кина е клучна сила во создавањето услови за мир во руско-украинската војна, додаде Орбан на Платформата Х, а во Пекинг рече дека Унгарија „силно ја цени“ кинеската мировна иницијатива во врска со конфликтот во Украина, според унгарската новинска агенција МТИ. .
Според кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, Орбан треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Неговото патување доаѓа по шпекулациите дека унгарскиот лидер може да ја посети и Кина по контроверзното патување во Москва во петокот, за време на кое тој разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.
Овој потег предизвика вознемиреност во Европа и САД. Орбан рече дека неговата средба со Путин, кој ја нападна Украина, била „мировна мисија“. За време на заедничкиот настап со Путин по разговорите, Орбан повторно повика на напори за изнаоѓање мирно решение за украинската војна.