Мисајловски: Партнерството со САД е силно, заеднички продолжуваме да придонесуваме во безбедноста и мирот

од Milan1
41 прегледи

Соработката со нашиот стратешки партнер, САД добива на интензитет, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски од штипската касарна каде присуствуваше на изведување на вежба и презентација на JLTV возилата, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

-Во овој момент располагаме со 38 вакви возила, а согласно договорот до крајот на 2025 година треба да пристигнат преостанатите 58 возила, како и сите оклопни возила „Сктрајкер“ наменети за развој на лесната пешадиска баталјонска група и тимовите за специјалните операции, истакна Мисајловски.

Тој се заблагодари на САД и на американската амбасадорка за активниот придонес и развој и модернизација на армијата.

-Партнерството е силно, заеднички продолжуваме да придонесуваме во безбедноста и мирот. Како министер максимално ќе се посветам и ќе дадам свој придонес за унапредување на состојбата во армијата, во развој на капацитетите, како човечки така и во опрема, потенцираше министерот за одбрана.

Слични содржини