Мисајловски: Со ваков договор само Бугарија добива, за ЕУ треба владеење на право и реформи

од Radmila Tasevska

Францускиот предлог кој е бугарски, само Бугарија може да добие. Велат треба компромис, но овој пат има една работа што ниту една земја членка за преговори со ЕУ ги немала, а тоа да се прифатат работи како што е историска комисија. Ова не се Копенхашки критериуми, изјави потпретседателот од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во интервју за Македонско радио.

Тој истакна дека за во ЕУ треба владеење на право, реформи, подобро здравство, подобро судство.

– Никој нема дилема дали тоа е потребно, нашиот проблем е што оваа власт на СДС и ДУИ и овие политичари прифатија нешто што никој не би го прифатил изминатите години, а тоа е замислете историски комисии да одлучуваат дали утре ќе имате вето. И тоа ќе биде ултиматум од бугарската страна да се прифаќаат работи како тоа Македонија била бугарска, рече тој.

Тој истакна дека едно од најважните работи кои Бугарите сакаат да го постигнат е дека Македонија била создадена како земја 1945 година или македонскиот јазик настанал од бугарскиот.

– Со оваа преговарачка рамка, тоа е влезено во сржта на преговорите. Утре може да не блокираат ако не прифатиме дека Гоце Делчев не бил Македонец, зарем некој смее тоа да го прави? Во 21 век наместо за иднината ние се враќаме наназад да се докажуваме за нешто кое Бугарија сака да го присвои, истакна Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека заедничка историја  е една од најтешките работи кои сакаат да ја прифатат, бидејќи Бугарија сака да докаже дека Македонија била бугарска земја.

Слични содржини