Мистерија во Германија: Млада Украинка пронајдена мртва, нејзиното бебе и мајка исчезнати

од Симе Стоиков
237 прегледи

Откако во четвртокот, 7 март, околу 10:20 часот, на шеталиштето покрај Рајна кај Хокенхајм (Баден-Виртемберг) беше пронајдено тело на жена, утврден е нејзиниот идентитет.

Станува збор за 27-годишна Украинка која пред пет недели родила девојче. Полицијата во соопштение наведува дека на телото на жената имало траги на насилство, па се верува дека е убиена.

Младата жена, нејзината мајка Марина Стеценко (51) и девојчето биле сместени во бегалски центар во областа Рајн Некар. Тие, наводно, го напуштиле центарот во понеделникот и оттогаш се сметаат за исчезнати.

Инспекторите не знаат каде се Марина Стеценко и нејзината внука, ниту што точно се случило. Марина Стеценко се смета за главен сведок.

Полицијата бара да се јават Марина Стеценко како и сите кои имаат корисни информации за да се реши овој мистериозен случај.

Слични содржини