Неидентификувани дронови прелетале ноќта кон саботата над нуклеарната централа „Барсебек“, аеродромот во Малме и на други места во ведскиот регион Скане, главно долж крајбрежниот појас, пренесува шведската „СВТ“.
Шведските власти ја проширија истрагата за сомнителна активност на беспилотни летала во близина на нуклеарните централи на неколку локации, вклучувајќи го и аеродромот во Малме, и проверуваат дали е можеби бклчучена некоја странска држава, пред се Русија.
„Прво темелно ќе ја анализиране ситуацијат, а потоа ќе бидат донесени заклучоци,“ изјави портоаролот на локалната полиција.
Слични пријави за „мистериозни летечки објекти“ имало и во Сведала и во Истад, кој е локација од стратешка важност поради своето пристаниште. Инцидентите биле пријавени и во локалната полиција и во Шведските вооружени сили.
„Знаеме дека имало летови, но ова е полициска работа бидејќи досега не се забележани дронови над воените објекти така што ова е под „цивилна заштита“, истакна портпаролката на шведските вооружени сили Мари Тисатер.
Според Магнус Кристијансон, виш предавач по воени науки на Норвешката одбранбена академија, инцидентите може да се поврзат со новостекнатото членство на Шведска во НАТО.
„Постојат стравувања дека овие летови со дронови се поврзани со меѓународната политика. Многу е можно ова да е најевтиниот и најлесниот начин да се предизвика страв и да се привлече внимание по влезот во НАТО “, вели Кристијансон, истакнувајќи дека странска сила може да има неколку различни цели, како што се мапирање или обид за заплашување.
Прашан дали Шведска може да очекува слични инциденти во блиска иднина, тој посочи дека земјата треба да се подготви за уште такви напади од Русија.
„Да, ова трае постојано. Постои тековен конфликт во кој Русија користи различни средства на моќ низ целиот спектар, од економски до технолошки системи, за да не попречи“, рече тој.
Претходно во јануари, беспилотни летала беа забележани над клучни шведски локации неколку дена по ред, вклучително и над најголемиот нуклеарен објект „Рингхалс“, кој се наоѓа на западниот брег, нуклеарната централа „Форсмарк“ северно од Стокхолм и над Оскаршамн на југоисток. .
Според информациите од шведската разузнавачка служба САПО, во тоа време дронови биле забележани и над аеродромите и во близина на кралската палата,