Мицевски: Законот за попис е со низа недоследности, а владејачкото мнозинстово прави злоупотреба на европското знаменце

259 прегледи

На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека предлог законот за попис на населението е со низа недоследности, а владејачкото мнозинстово прави злоупотреба на европското знаменце бидејќи истиот закон не ги содржи препораките на Евростат и немаа никаква допирна точка со регулативите на евроипскиот парламент како и со препораките и стандардите на обединетите нации.

„Законот за попис кој предизвикува големо внимание кај македонските граѓани закон кој што е долго очекуван во Република Македонија имајќи во предвид дека законот за попис односно пописот треба да биде една статистичка операција од која што ќе се црпат податоци за идните текови и функционирање и планирање на стратегиите на Република Македонија во наредниот краткорочен и долгорочен период. За жал не дојдовме до пленарна седница со ова законско решение на начин на кој што посакувавме и на кој што повикувавме. Од самиот почеток баравме државен консензус за ова прашање, а не владино коалициона одлука на партиите на власт за начинот односно за формата за спроведување на пописот во Република Македонија“ истакна Мицевски.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски додаде и дека власта испуштила можност да даде легалност и легитимитет, односно доверба во оваа статистичка операција.

„Испуштивте шанса уште од самиот почеток да дадете легалност и легитимитет односно доверба на процесот на статистичка операција наречен попис.Почитуван заменик министер вие само технички го елабориравте законот кој што е стигнат во Собранието и за жал место да дозволите дебата прво по комисии па јавност транспарентност и експертско учество во истиот, ставивте европско знаменце се со една цел за сите оние шкакливи прашања во државата за сите оние прашања за кои што навистина граѓаните очекуваат да се продискутира да не можат да добијат јавност и транспарентност. Рековте дискутиравме на комисијата меѓутоа тоа не е точно. На комисијата имаше предлози од ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициопни партии за кои што вие немавте слух ниту да ги продискутирате“ истакна Мицевски.

Мицевски потенцираше дека ваквото законско решение има низа на недостатоци и недоследности.

„Рековте дека сугестиите кои што се дадени на првото законско решение се анализирани  и инкорпорирани во законот, јас ќе ве уверам дека тие сугестии ниту се разгледани ниту има желба да се разгледаат и доаѓаме до едно законско решение кое што за жал има низа недоследности и низа позиции на кои што опозицијата и секој граѓанион кој што го гледа ова како статистичка операција може да најде многу забелешки по основ на ова законско решение“ потенцираше Мицевски.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски истакна владејачкото мнозинстово прави злоупотреба на европското знаменце, бидејќи истиот закон не ги содржи препораките на Евростат и нема никаква допирна точка со регулативите на евроипскиот парламент како и со препораките и стандардите на обединетите нации.

„Ова е втор ист закон за попис што значи нема разлика што значи нема разлика од првиот кој што пристигна во Собранието и тоа по скратена постапка со европско знаменце со неколку козметички измени кои немаат никаква допирна точка со регулативите на евроипскиот парламент со препораките и стандардите на обединетите нации и Евростат. Сите забелешки што ги имавме во законот за попис беа во согласност со нивните регулативи и препораки“ заклучи Мицевски.

Слични содржини