Одговорни за законито и точно спроведување на пописот е Владата и ДЗС. Се останато во овој процес е фоклор, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според него, тоа што го направи ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период е можноста во почетокот на годината да се одложи пописот за сега.
-Со денешното реализирање, можеме веднаш за време на локалните избори да го исконтролираме пописот, бидејќи ќе имаме фингерпринт терминали. Тоа ќе биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле како што треба пописот. Мојата порака е граѓаните да излезат масовно и да се попишат. Го повикувам македонскиот народ да не ги слуша и да не потклекнува на антимакедонските елементи на македонската политичка сцена, кој што во овој момент сакаат да внесат бојкот, потенцира Мицкоски.