Мицкоски: Не можам да бидам пазарџија, одбивам лидерска средба во присуство на Пендаровски

356 прегледи

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ,Христијан Мицкоски запрашан за лидерската средба која на денешната прес конференција по повод 100 дена Влада ја најави премиерот Зоран Заев, вели дека не би учествувал во формат каде учесник би бил претседателот на земјава, Стево Пендаровски, поради како што вели, немањето улога во ваквата средба.

„Побарав уште пред една година, лидерска средба кај Пендаровски, со цел да ги означиме црвените линии, и со тоа ќе им се олеснеше на политичарите и историчарите кои преговараат. Но, вие не можете да придонесете, ако гледате интервју на премиерот Заев во кое со тргува со идентитетот и јазикот. Не можам да бидам пазарџија и да ги перам грешките кои ги прави Зоран Заев. Не ја гледам улогата на Пендаровски во оваа средба, па оттаму ако седнеме само лидерите на политичките партии како што доликува стојам на располагање, но во формат каде Пендаровски би бил учеснис, нема да учествувам“, истакна Мицкоски.

Слични содржини