Мицкоски: Попис со теренски посети во услови на пандемија не треба да има

од Nikola Popovski
145 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ утре почнува со собирање потписи за поништување на Законот за попис, со кој се предвидува по 19 години, конечно, напролет да се преброи населението во земјава.

„Кога ќе се соберат 100 потписи, се доставува до спикерот во Собранието, а тоа понатаму до матична комисија, законодавно-правната комисија ја препраќа таа иницијатива и кога ќе се констатира комплетноста на првичните сто потписи, тогаш се известува спикерот во Собранието, кој понатаму го известува предлагачот, но и претседателот на Владата, кој понатаму во рок од 20 дена ја доставува иницијативата до подрачните одделенија на Државната изборна комисија и процесот на собирање потписи почнува, така што во текот на утрешниот ден ќе ја почнеме оваа постапка. Очекуваме формално собирањето потписи да почне на почетокот на следниот месец бидејќи такви се законските процедури“, рече Мицкоски по средбата со занаетчиите во Старата скопска чаршија одговарајќи на новинарско прашање.

Партијата, вели дека останува на ставот дека попис со теренски посети во услови на пандемија не треба да има и како пример ги наведе Хрватска, Бугарија, Германија и Романија кои ја одложија операцијата поради пандемијата.

Мицкоски повтори дека пописот, доколку веќе власта инсистира да се спроведе, најдобро би било да биде електронски за да се заштити здравјето на граѓаните.

Слични содржини