Мицкоски сака локални избори по британскиот „First past the post“ модел

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот Live chat во однос на тоа кој неговиот став околу предлогот за еден круг на локалните избори во 2021 година, посочи дека е ирелевантно дали партијата ќе има определени поволности и дека ВМРО-ДПМНЕ е за локални избори со еден изборен круг со цел да се заштедат пари.

„Да, сме за преференцијални листи на советниците, да сме за еден изборен круг по принципот на Британскиот модел „First past the post“ и тоа да биде прв пат аплицирано на локалните избори, зошто затоа што навистина не ја гледам смислата на вториот круг освен ако се исклучи фактот за притисоците заканите и уцените на власта бидејќи на тој начин доколку имаме втор изборен круг за локалните избори ќе имаме сериозно трошење на државни средства во услови на државна криза во услови на пандемија“, кажа Мицкоски

Тој нагласи дека нема потреба од непотребни трошења во време на пандемија и средствата кои би се потрошиле за втор круг избори можат наменски да се пренаменат во насока на пристојно образование или онаму каде што се потребни.

Слични содржини