За само осум дена, опозициската ВМРО ДПМНЕ собра 100.000 потписи од граѓани кои се против оддржувањето на пописот, сметајќи дека е полтичка операција или водени од реалната состојба со Ковид пандемијата.
Ова денес го потврди и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се огласи на својот фејсбук профил.
„ВМРО-ДПМНЕ за 24 часа, или по 3 часа дневно, во рок од 8 дена собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани кои се незадоволни од начинот на кој се води операцијата попис. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја води битката против мафијашката власт од внатре низ институциите за одложување на пописот, а во меѓувреме е потребно истата таа операција да ја девалвираме. Затоа, ја повикуваме дијаспората масовно да се пријави на онлајн апликацијата. Доколку мафијашката власт продолжи насилно да се однесува, тогаш при превземањето на институциите истата ќе биде предмет на детална проверка, а ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае овие политички резултати“, се вели во фејсбук објавата на Мицкоски.