Мицкоски: Зошто пописот да не биде електронски и со стискање на „ентер“ да излезат резултатите?

од Nikola Popovski
148 прегледи

„Ако излегува влијателен пратеник, доскорашен министер на една политичка партија и рефлектира во јавноста проценти и вели доколку еден етникум не е до тој процент, тогаш тој попис нема да го прифати. После тоа лидерот на ДУИ излегува и вели дека ако не сме 25 проценти во државата тогаш нема да ги признае резултатите. Затоа сметам дека пописот ќе биде политизиран“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за емисијата „Само интервју“.

Според него, нема ниту еден попис во светот каде имаме двоен потпис, меѓу директорот на Државниот завод за статистика и неговиот заменик.

„Што ако е само еден потпис, ќе биде довербата поголема или без ниту еден попис. Зошто да не биде само електронски и со стискање на копчето ентер и да излезат резултатите“, истакнува Мицкоски.

Слични содржини