Мицотакис и Шолц разговарале за Украина, Источниот Медитеран и Западен Балкан

од Milan1
325 прегледи

Случувањата во Украина, Источниот Медитеран и Западен Балкан биле во фокусот на телефонскиот разговор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и новиот германски канцелар Олаф Шолц.

Како што информираа од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер му честитал на Шолц за преземањето на функцијата и ја изразил волјата на Атина за зајакнување на билатералните односи.

Двајцата лидери, според истите информации, размениле мислења за случувањата во Украина, и ја истакнале потребата за одржување на европското единство, отворени канали со Русија и почитување на територијалниот интегритет на Украина, бидејќи агресивен потег би донел сериозни последици.

Дополнително, Мицотакис го информирал Шолц за случувањата во Источниот Медитеран, а разговарале и за случувањата на Западен Балкан.

Мицотакис и Шолц се согласиле да се сретнат што е можно поскоро.

Слични содржини