Младите луѓе во Германија имаат малку попозитивен поглед на сопствената иднина, но остануваат песимисти кога ги проценуваат перспективите на општеството како целина, според годишна студија објавена во вторник, објави германската новинска агенција (ДПА).
Имено, сега 65 проценти од луѓето од возрасната група од 14 до 29 години изјавуваат дека се задоволни од своите перспективи. Тоа е три проценти повеќе од минатата година, а авторите забележаа некои повоздржани, но позитивни трендови.
На пример, младите луѓе се позадоволни од сопственото физичко и ментално здравје и ги оценуваат професионалните можности и статусот во општеството малку попозитивно. Проценката на нивната финансиска состојба остана непроменета.
Од друга страна, погледот на младите за развојот на општеството остана мрачен.
Во принцип, тие се песимисти кога ја проценуваат политичката ситуација и кохезијата на општеството, а мнозинството испитаници не очекуваат никакви промени во овие прашања.
Студијата го разби митот за „мрзеливоста на младите“, бидејќи со стапка на целосна вработеност кај младите на работоспособна возраст од 81 процент, тие значително ги надминуваат постарите генерации.
Сепак, една третина од нив се чувствуваат исцрпено, а секоја четврта чувствува потреба од физичка или психолошка терапија. Многу млади луѓе црпат сила од семејството, врските и сопствените амбиции.
Религијата или природата речиси и да немаат влијание врз нив.