Познатиот ММА борец Дастин Лампрос неодамна одлучи дека освен со спорт, се занимава и со пронаоѓање и разоткривање на педофили.
Лампрос фатил неколку педофили и ги предал на полицијата, но пред тоа им прочитал книга и ги понижил со тоа што ги натерал да прават склекови и чучњеви.
„Велите дека ви е жал, а дојдовте со марихуана, презервативи и ќебе да се сретнете со 13-годишно дете во паркот“, му рекол Лампрос на сексуалниот престапник, кого го принудил да прави склекови и чучњеви.
Ги натера и да кажат една реченица.
„Јас сум сексуален предатор и никогаш повеќе нема да разговарам со 13-годишни девојчиња.
Порача Лампрос на еден од нив.
„Вие сте 31-годишен маж кој возел 45 минути во автомобил за да запознае 13-годишно девојче. Дали си сериозен? Што ако вечерва се појави 13-годишно девојче? Тоа се две криминални дела“, извика Лампрос.
Во меѓувреме, тој повика полиција да ги апси педофилите.
Како Лампрос дошол до педофилите сè уште не е познато, но се претпоставува дека тој направил профил на една од апликациите за запознавање и се претставил како 13-годишно девојче со цел да намами и фати возрасни мажи кои заведуваат девојки.