ММФ: Санкциите против Русија можат да ја разнишаат доминацијата на доларот

од Milan1
226 прегледи

Невидените финансиски санкции наметнати на Русија се закануваат постепено да ја намалат доминацијата на американскиот долар во светската трговија и може да доведат до фрагментација на меѓународниот монетарен систем, изјави Гита Гопинат, првиот заменик генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Гопинат оцени дека сеопфатните мерки што западните земји и ги наметнаа на Русија по нападот врз Украина, па дури и на руската централна банка, може да поттикнат појава на блокови на мали валути засновани на трговијата меѓу одделни групи земји.

„Доларот би останал главна глобална валута дури и во таа средина, но фрагментацијата на помало ниво е сосема можна. Веќе можеме да видиме дека некои земји повторно преговараат за валутата во која ќе плаќаат за меѓусебната трговија“, рече таа.

Слични содржини