Многу повредени и загинати во пожар по израелскиот напад на болницата во Газа

од Milan1
9 прегледи

Многу луѓе загинаа, а многу се повредени во пожар во привремен камп на теренот на болницата во централниот дел на Појасот Газа, предизвикан од израелски воздушен напад што беше извршен врз болницата пред два дена, јави Би-би-си денес, повикувајќи се на очевидци.

Една жена рече дека тоа е „една од најлошите сцени што некогаш ги видела во нејзиниот живот“, додека друга повредена девојка потврди дека слушала врисоци и лелеци од луѓе заробени во шатори во кампот.

Еден човек рече дека е „уништен“ бидејќи не можел ништо да направи за да им помогне на луѓето зафатени во пожарот.

Израелскиот напад изведен во понеделникот во раните утрински часови врз болничкиот комплекс во Деир ал-Балах, во централниот дел на палестинската енклава, предизвика експлозии, а потоа и пожар во импровизираните засолништа за раселените и ранети изгорени.

 

Слични содржини