Тешко оди проверката, на  ДИК на терен ..Ииако со добра воља сепак потребно е и доволно време , за да се се заврши  се како што треба. Анкетарите се тука , но ги нема тие кои треба да бидат анкетрани, а непопишувањето не е забршена работа , тоа пак усложнува други процеси велат тие. ДИК има броени денови ама ова време е прекратко. Со какви  проблеми се соочија двајца анкетари кои во улицата Џон Кенеди во Чаир, вршеа проверка на гласачите од Избирачкиот список, погледнете  само еден исечок  на екипата на ТВ21 која  ги снимаше ваквите дијалози.

Анкетарката Арбина Ќерими, рече дека повеќето од граѓаните моментално не се во нивните куќи, поради тоа што се на работа, но имаше и многу од оие кои фигурираат на одредени адреси, а се преселиле во странство.

За семејствата кои заминале во странство на печалба или заминале поради други причини, Ќерими рече дека таа сама ја пополнува анкетата, каде запишува дека лицата кои фигурираат во тој формулар заминале од државата и дека живеат на други адреси.

Таа исто така рече дека се соочуваат со многу проблеми со семејствата кои имаат приватни бизниси, бидејќи во повеќето случаи според неа, лицата кои фугурираат на листа не се наоѓаат дома. Ќерими изјави дека во текот на овие три дена на терен, се пронајдени 3 мртви лица, кои фигурирале како гласачи во избирачкиот список.

Оваа врата не се отвори за анкетарите на ДИК. Тие треба повторно да дојдат, а ако не ги најдат повторно, ќе остават белешка со барање лицата да се пријават во надлежниот орган на Комисијата за избори.

Има само 488 анкетари кои вршат проверка на избирачкиот список во 80 општини во земја, а се под набљудување на 34 подрачни канцелари на ДИК.

Слични содржини