Многу луѓе во Германија не можат да дојдат до стан, а сепак речиси два милиони станови се празни, според податоците од пописот од 2022 година објавени во четвртокот, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Според овие податоци, во мај 2022 година, околу 1,9 милиони станови во земјата биле без станари. Со други зборови, 4,3 отсто од станбените единици во Германија биле празни, објави Сојузниот завод за статистика.
Во исто време, повеќе од половина од тие станови, 55 отсто од нив, биле празни повеќе од една година поради различни причини, велат статистичарите.
Само 38 отсто биле подготвени за вселување во последните три месеци, а краткиот очекуван период на вселување е забележлив во големите градови Хамбург, Бремен и Берлин со квота од 52 до 61 отсто.
Сопствениците на речиси четвртина празни станови, 24 отсто од нив, планирале градежни работи или санација, а рушење само секој 25-ти.
Околу седум отсто од сопствениците размислувале да го продадат имотот или да се вселат во него. Речиси една петтина од сопствениците навеле „нешто друго“ како причина за празниот стан.