Моалем до Турција и С.Арабија: Странските трупи кои ќе влезат во Сирија, дома ќе си заминат во сандаци

од desk3
77 прегледи

Шефот на сириската дипломатија Валид ал-Моалем денеска предупреди дека странските трупи кои ќе влезат на територијата на Сирија „дома ќе се вратат во дрвени сандаци“, реагирајќи на извештаите дека Саудиска Арабија и Турција, двете земји кои ги поддржуваат бунтовничките сили, би можеле да испратат свои трупи во Сирија.

M_Id_391443_Syrian_army_captured_the_strategic_town_of_Qusayr_from_the_rebels

-Секоја копнена интервенција на територијата на Сирија без одобрение од владата ќе се смета за агресија на која мораме да се спротивставиме, рече Моалем на прес конференција во Дамаск, а беше пренесена од француските медиуми

„Ве уверувам дека агресорите ќе се вратат во својата земја во дрвени сандаци“, истакна шефот на дипломатијата.

С.Арабија сака да интервенира во Сирија, Русите ги “чекаат”…

Портпаролот на саудиската војска на почетокот на неделата изјави дека неговата земја е расположена да испрати копнени сили во Сирија, како дел од воената акција на САД против екстремистите од таканаречената Исламска држава, кои контролираат големи делови од Сирија и Ирак.

Сирискиот министер за надворешни работи истакна дека мудроста и логиката укажуваат дека идејата за саудиски трупи во Сирија е тешко замислива, но „имајќи ги во предвид лудите саудиски лидери, ништо не е неможно“. /МИА