Модниот агент Брунел, осомничен дека на педофилот Епштајн му носел девојчиња, пронајден обесен

од Milan1
314 прегледи

Поранешниот шеф на француската агенција за модели Жан-Лик Брунел (75),обвинет за силување и под истрага дека му носел малолетни девојчиња на починатиот американски милјардер Џефри Епштајн, е најден мртов во затвор. Телото на Брунел наводно било пронајдено обесено во неговата ќелија рано утрово. Француското обвинителство ја потврди веста и рече дека е отворена истрага за точната причина за смртта, но првите индиции укажуваат на самоубиство.

Брунел, кој беше шеф на престижната агенција „Карин моделс“, беше уапсен во декември 2020 на аеродромот „Шарл де Гол“ пред да се качи на авион за Дакар во Сенегал каде, како што ѝ кажал на полицијата, одел на одмор.

Тој беше официјално под истрага поради наводите за силување малолетничка и сексуално вознемирување веднаш по апсењето, а лани во јуни беше и под втора истрага за силување малолетничка. Инспекторите го испрашувале Брунел поради сомневање за трговија со малолетни девојчиња за сексуална експлоатација. .

Неколку топ модели го обвинија за сексуален напад и силување, а француската полиција сослушала стотици потенцијални сведоци. Брунел негираше каков било прекршок или каква било вмешаност во незаконски активности. Тој исчезна од јавниот живот набргу по смртта на Епстајн во август 2019.

Слични содржини