МОК избрка двајца белоруски тренери од Олимпијадата

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) објави дека исфрлил двајца тренери од белоруската репрезентација од Олимписките игри во Токио, бидејќи се обиделе да ја вратат дома атлетичарка Кришина Циманускаја.

МОК изјави дека ги укинале акредитациите на Артур Шимак и Јуриј Мајшевиќ.

– Од нив беше побарано веднаш да го напуштат Олимпиското село и тоа го направија во корист и во интерес на спортистите – се наведува во соопштението.

Во неделата, Шимак и Мајшевиќ се обидоа да ја качат Циманускаја на авион за Белорусија, по критиките што таа ги упати кон тренерите. Спринтерката го објави тоа на социјалните мрежи и повика полиција, која интервенираше на аеродромот.

Таа моментално се наоѓа во Полска, која и додели хуманитарна виза.

МОК изјави дека на Шимак и Мајшевиќ ќе им биде понудена можност да бидат сослушани како дел од дисциплинската постапка.

Слични содржини