Молдавија ги отфрли руските тврдења за планот на Киев за напад на Транснистрија

од Radmila Tasevska
149 прегледи

Молдавија денес ги отфрли тврдењата на руското Министерство за одбрана дека Украина по вооружена провокација планира напад на отцепениот молдавски регион Транснистрија и повика на смирување на тензиите.

Руското Министерство за одбрана денес ја обвини Украина дека планира вооружена провокација во самопрогласениот регион Молдавија и објави дека Киев има намера да спроведе „операција со лажно знаме“, наводен напад на руските сили од Транснистрија, пренесе РИА Новости.

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Михаил Галузин, тврди дека Западот и наредил на владата на Молдавија да ја прекине секоја комуникација со сепаратистичките власти во Транснистрија, објави Ројтерс, цитирајќи руски медиуми.

Слични содржини