Момче чиј татко е по потекло од поранешна Југославија си го уби семејството со секира

од Milan1
962 прегледи

Физиотерапевтката Грит Х. за неколку недели требало да го прослави својот 60-ти роденден. Но, таа нема да го дочека тој ден, бидејќи ја убил нејзиниот син, чиј татко е по потекло од поранешна Југославија. И не само таа, убиени биле и неговите дедо и баба, пренесува „Билд“.

Недолго по злосторството во Плауен, Германија, убиецот и се предал на полицијата.

Додека разговарал со полицијата плачел и раскажал како го убил семејството, дознава „Билд“.

После тоа, три тела беа откриени во аголна куќа во Тирперсдорф.

Веднаш е приведен осомничениот сторител Бенџамин Х.(28). Тој без отпор им се предал на полициските службеници.

Според информациите на Билд, оружјето пронајдено во куќата било секира, со која наводно ги убил членовите на неговото семејство.

Локалните жители го опишуваат Бенџамин како млад човек кој живеел затскриен живот и имал мал контакт со своите соседи.

Според информациите на Билд, Бенџамин Х. е обучен физиотерапевт. Повремено се занимавал со таа професија, пред да се преквалификува како лимар.

Во куќата живеел со мајка му Грит Х.(59) и со неподвижните дедо и баба и дедо Егон Х.(85) и Ерика Х.(84).

Таткото на осомничениот, човек од поранешна Југославија, со години не е виден во областа.

„Тој беше само кратко време, како преведувач на челичарници од странство“, рече еден сосед.

„Едноставно сме шокирани и не можеме со зборови да ги искажеме нашите мисли и чувства“, велат пријателите на убиецот.

Слични содржини