Момче во тоалет заборавило чанта со 26.000 евра, чесен минувач ја пронашол и ја однел во полиција

од Milan1
9,7K прегледи

Во јавен тоалет на одморалиште на автопатот А99 во Баварија, чесен минувач ја пронашол чантата во која имало 26.000 евра. Парите му припаѓале на 20-годишно момче кое сакало да купи автомобил, јавува „Билд“.

Полицијата тврди дека 20-годишникот отишол во јавниот тоалет и ја заборавил чантата во која имало 26.000 евра и неговиот пасош. Чесниот пронаоѓач ја однел чантата во полиција, а потоа го пронашле 20-годишното момче кое дошло во одморалиштето Ватерстетен-Ост, пресреќно што ја нашло изгубената чанта со парите.

Младиот човек во полиција изјавил дека по пат направил кратка пауза и дека најверојатно бил премногу зафатен со размислувањето за новиот автомобил, па едноставно ја заборавил чантата.

Но, оваа приказна не завршила само позитивно за сопственикот. Според германскиот Граѓански законик (БГБ), чесниот пронаоѓач има право на надомест од околу 790 евра. Секој што ќе најде предмет, а нема да пријави, прави кривично дело.

– Полицајците, исто така, беа изненадени од сумата што била во чантата – соопштиле од полицијата.

Слични содржини