Момче намамило другар во шума и го избодел 70 пати

од Milan1
389 прегледи

Бруталното убиство се случи во декември минатата година, во Велика Британија, два дена пред роденденот на жртвата.

15-годишниот Марсел Грушк, кој е обвинет за брутално убиство на својот пријател (12) во шума во Линколншир, денеска е осуден на минимум 16 години затвор. Грушк е обвинет дека на 12 декември минатата година го намамил својот пријател Робертс Бункис во шумата, а потоа го избодел повеќе од 70 пати, по што се обидел да го обезглави. Осуденото момче го признало убиството од небрежност. На судењето Грушк тврдеше дека Робертс кобниот ден зел нож со себе во шумата и дека изгубил контрола кога Бункис се обидел да го избоде.

– Кога се сретнавте во шумата, Робертс бил невооружен и несвесен што го чека. Дојдовте со голем нож и наракавици, со намера да му нанесете најмалку тешки телесни повреди – посочил судијата.

Убиеното дете било родум од Летонија, а го одгледал самохран татко.

Момчето било пронајдено ден по убиството, а британските медиуми пишуваат дека врвот на сечилото на ножот останал во неговиот череп. Наводно Грушк се обидел да му ја отсече и десната рака.

Убиецот претходно тврдеше дека се сретнал со Робертс за да му ја даде дрогата што малолетникот потоа требало да ја продаде, но дека дошло до расправија кога Робертс не му ги дал потребните 50 фунти. Тврдел дека Робертс потоа потегнал со нож врз него, поради што изгубил контрола и го нападнал во самоодбрана. Грушк рече дека се сеќава дека еднаш го прободел во вратот, но дека не се сеќава дека го прободел дури 70 пати.

По страотното злосторство, осуденото момче истрчало дома, каде се обидело да ја запали облеката и наракавиците што ги носел, како и да го сокрие ножот.

При претресот на куќата на Грушк, полицијата пронашла нож под тенџерето и на него крвта на убиеното момче. Исто така, пронајдени се делови од опожарениот дуксер, а во џебот имало гумени наракавици.

Слични содржини