Моментот кога Путин ја соопштува одлуката за нуклеарното оружје, Шојгу шокиран (ВИДЕО)

од Milan1
418 прегледи

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави нуклеарните сили на ниаво на висока готовност ги шокираше дури и неговите лојални генерали, вклучувајќи го и самиот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Имено, кога Путин им ја соопштил својата одлука на генералот Валери Герасимов и на министерот за одбрана, на лицата на претставниците на армијата јасно се гледала вознемиреност.

Инаку, Путин како причина за ваквата одлука ги наведе „агресивните изјави на земјите од НАТО“.

Со оглед на тоа дека Русија има најголеми резерви на нуклеарно оружје во светот, оваа одлука ги вознемири членовите на меѓународната заедница.

Во соопштението за печатот, висок претставник на Белата куќа го опиша потегот на Путин како „уште една ескалација и целосно непотребен чекор“.

Од друга страна, Макс Бергман, поранешен функционер на Стејт департментот, овој чекор го оцени како предвидлив, но посочи и дека станува збор за „опасно ѕвецкање со оружје“.

„Работите би можеле да излезат од контрола“, предупреди Бергман.

Слични содржини