МОН: Се зајакнуваат капацитетите на Националната комисија за учебници, се унапредува процесот на одобрување учебници

од Илинка Илиоска
10 прегледи

Националната комисија за учебници има нов состав. Врз основа на Законот за учебници за основно и за средно образование, Владата ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими, за нови членови на Комисијата.

Како што соопшти денеска Министерството за образование и наука, заедно со Педагошката служба очекуваат новиот состав на Комисијата да го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и да биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја.

– Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки за одобрување и употреба на учебници во основното и средното образование, се вели во соопштението.

Слични содржини