625
Во селото Дубница утрово околу 07:30 часот се случило страшно злосторство.
Според неофицијални информации, снаата брутално ја убила својата свекрва, распарчувајќи ја со нож. Сцената на местото на настанот беше опишана како застрашувачка.
Во моментов на терен се полициски екипи, форензичари и дежурниот обвинител кои вршат увид и прибираат докази. Жителите на селото Дубница се во шок и неверување од овој монструозен чин.
Истрагата е во тек, а повеќе информации ќе се знаат по детална истрага и официјално соопштение од надлежните органи.