Москва: Акцијата против руските мировници во Транснистрија е директен напад врз Русија

од Radmila Tasevska
186 прегледи

Руското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека секоја акција што им се заканува на нејзините мировни сили во отцепениот молдавски регион Транснистрија ќе се смета за директен напад врз Русија, откако ја обвини Украина за масовно собирање војници во близина на границата на регионот.

Според меѓународното право, секоја акција што ја загрозува нивната безбедност ќе се смета за напад врз Руската Федерација, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс.

Вчера руското Министерство за одбрана ја обвини Украина дека планира вооружена провокација во Транснистрија, пренесе РИА Новости.

Слични содржини