Москва: Четворица новинари од Ројтерс, АП и Сота Вижн осудени на пет години затвор

од Milan1
22 прегледи

Московскиот суд во средата осуди четворица новинари од „Ројтерс“, „АП“ и рускиот независен весник „Сота Вижн“ на пет години и шест месеци затвор за работа за Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК), основана од починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Судот ги осуди новинарите на „Сота“, Артем Кригер и Антонина Фаворскаја, продуцентот на новинската служба на Ројтерс, Константин Габов, и новинарот на АП, Сергеј Карелин, за учество во екстремистичка организација чии активности се забранети во Русија, пренесе РИА Новости.

Четворицата новинари тврдеа дека се невини и им се судеше за вршење на нивната новинарска работа. Државниот обвинител претходно побара од судот секој од новинарите да биде осуден на по пет години и 11 месеци затвор. Судењето се одржа зад затворени врати, пренесува Танјуг.

Слични содржини