Москва и Киев се на „половина пат“ од договорот за прашањето за демилитаризација на Украина, а нивните позиции се најмногу усогласени во однос на неутралноста на Украина и повлекувањето од членството во НАТО, изјави рускиот преговарач Владимир Медински, а пренесува Би-би-си.
Руската новинска агенција Интерфакс објави дека Медински истакнал дека преговарачките тимови разговараат за безбедносните гаранции доколку Украина повеќе не се обиде да се приклучи на западната воена алијанса.
Вчера претседателот Владимир Путин му кажа на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган дека ги презентирале прецизните барања на Русија за мировен договор со Украина.
Главен меѓу нив е прифаќањето на Украина да има неутрален воен статус и дека не треба да поднесувања барања за влез во НАТО.