291
Ако Украина стане членка на НАТО, тоа ќе значи војна меѓу НАТО и Русија, само прашање е дали Северно атлантската алијанса е подготвена за тоа, изјави денеска рускиот амбасадор во Франција Алексеј Мешков.
„Документите на Украина велат дека тие се подготвени насилно да го освојат Крим. Доколку Украина дотогаш стане членка на НАТО, тоа би значело војна меѓу НАТО и Русија. Дали Алијансата е подготвена за тоа“, праша Мешков на денешната прес-конференција во Париз.
Зборувајќи за двојно зголемените испораки на западно оружје за Киев, амбасадорот нагласи дека би било подобро тие пари Западот да ги одвои за бегалците.