Можен датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година, вели Домбровскис

од Radmila Tasevska
164 прегледи

Во интервју за НОВА, Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија (ЕК), вели можен датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година. Инаку тој е во посета на Бугарија и денес ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, со вршителот на должноста премиер Галаб Донев и со министри.

Вели дека главната работа што кочи на патот кон еврозоната е инфлацијата. Бугарија требаше да го воведе еврото од почетокот на 2024 година, но пред неколку дена беше објавено дека не исполнува некои од критериумите, главно поради високата инфлација.

„Критериумот за инфлација е предмет на евалуација од експерти од ЕК. Оваа оценка укажува дека критериумот не може да се покрие“, рече Домбровскис.