64
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.К.(35) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
– На 20.04.2024, пријавениот телефонски го контактирал К.С.(72) и побарал 1.000 евра за да не биде убиен неговиот син кој е на издржување затворска казна во казнено – поправна установа, информираат од МВР.