Жозе Мурињо јавно истакна дека нема да се врати во Серија А. Поранешниот тренер на Бенфика, Леирија, Порто, Милан, Реал Мадрид, на Манчестер јунајтед и во два мандата на Челзи не планира да преземе клуб од Апенините иако е свесен дека живот и животните патишта се непредвидливи.
„Интер е мој дом, а Масимо Морати останува мој претседател и мој пријател. Тој е како член на моето семејството. Не сум работел седум-осум месеци. Ајде да видиме што ќе се случи носи иднината, но мислам дека нема да се вратам на работа во Италија. Имам чувство дека мојата иднина не е таму“, вели Мурињо.
„Нероазурите“ се единствените со кои работеше „специјалниот“ во минатото и ги предводеше до Скудето во Италија и до трофеи во националниот Куп, во италијанскиот Суперкуп, во Лигата на шампиони и на Светското клупско првенство во 2010 година. Негов последен клуб беше Манчестер јунајтед.