Најновите податоци од пописот од 2023 година покажуваат дека муслиманите повеќе не го сочинуваат апсолутното мнозинство од граѓаните на Албанија. За прв пат по два века, муслиманите паднаа под половина од вкупното население.
Муслиманите сега сочинуваат 45,7 проценти, што ги прави малцинство во споредба со сите други жители за прв пат откако Турците дојдоа на Балканот. Бројот на муслимани се намали за повеќе од 30 проценти во споредба со пописот од 2011 година.
Во пописот од 2023 година, муслиманите Бекташи сочинуваат 4,8 проценти, но тие се наведени како посебна религиозна група. Ова исламско религиозно братство ги следи учењата на Хаџи Бекташи Вели, анадолски дервиш од 13 век. Бекташите се блиски до шиитската гранка на исламот. Од Анадолија, тие се проширија на Балканот и беа многу влијателни меѓу јаничарите.
Религиозна припадност во Албанија
Во Албанија живеат 15,6 проценти христијани, од кои 8,4 проценти се католици, а 7,2 проценти се православни. Има 13,8 проценти верници без деноминација, а 3,6 проценти се атеисти.
Оваа значајна демографска промена е историска за структурата на албанското општество, кое е нестабилно со децении дури и пред комунизмот.
Според „Туркије Дeнeс“, Албанија изгубила околу 15 проценти од своето население во последните десет години, главно поради масовната емиграција и падот на стапката на наталитет. Аналитичарите го поврзуваат ова со недостатокот на перспективи за младите луѓе кои сè повеќе бараат работа во странство.
Историски гледано, Албанија била католичка земја, по римските освојувања. Таa станала муслиманска дури во 15 век со доаѓањето на Османлиите.
Сепак, поради близината и силните врски со Грција, православното христијанство повторно е во пораст во последните децении.