Муцунски: На Џафери му одговара тоа што Собранието е блокирано

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски смета дека власта треба да ја повика опозицијата да разговараат да видат што е тоа суштинско.

-Мораме да се согласуваме. Мора да се отвори патот на дијалог. Јавноста суди дали е отворен тој простор да седнеме и да видиме кој е приоритет на агендата, вели Муцунски во емисијата „Само вистина“.

Според него, Собранието е блокирано затоа што така му одговара на спикерот Талат Џафери.

-Него му одговара тој хаос што е создаден. Во моментов не функционираат неколку собраниски седници затоа што не и се дозволува на Комисијата за избори и именувања да профункционира. Џафери селективно одредени собраниски комисии, вели Муцунски.

Слични содржини