На 10 јули на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците. Во Тетово откриени и соодветно санкционирани се 16, а во Гостивар осум вакви прекршоци. На прекршителите им се изготвени прекршочни платни налози. Вчера во Тетово реализирани се и засилени контролни активности околу паркирањето, посебно во централното подрачје. Поради непрописно паркирање биле санкционирани 21 возач, а погрешно паркираните возила подигнати се од тетовската „пајак-служба“.

На 10.07.2019 година во 12:54 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во Геријатрија Ѓорче Петров починал Г.А.(55) од с.Врапчиште, Гостиварско, осудено лице од Казнено-поправната установа Идризово, кое било на лекување. Според пријавеното, Г.А. боледувал од карцином. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 10.07.2019 година во 08:45 часот во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје пријавила дека од установата самоволно се оддалечил штитеникот М.Е.(17), кој претходно неколку пати се оддалечувал и бил враќан од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(24) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.07.2019 година на ул. „Маршал Тито“ во Кичево полициски службеници извршиле преглед над В.А. била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.
На 10.07.2019 година околу 23:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле разбојништво на наплатната каса од паркингот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(27), А.Р.(26) и Ш.Р.(27), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 27.04.2019 година на ул.„Поток Серава“ во Куманово пријавените Д.Р.(27), А.Р.(26) и Ш.Р.(27) од Куманово физички го нападнале Ш.Р. и притоа му нанеле тешки телесни повреди.
На 10.07.2019 година во 22:35 часот во СВР Скопје, Ф.Б. од Скопје пријавил дека пред кафетерија на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје неколку лица испукале неколку куршуми. Повредени лица нема, а нема ни материјална штета. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.